Некогаш секс-симбол, а денес продавачка на сладолед
Поранешната ѕвезда на серијата „Чувари на плажата“, Никол Егерт, минатата година влезе во долгови и прогласи банкрот, а сега има сопствен бизнис и продава сладолед на улиците на Лос Анџелес.
Никол по снимањето на хит серијата „Чувари на плажата“ со години се бореше со прекумерната тежина, а сега кога нејзината линија ја донесе до совршенство, вози камион и продава сладолед по улиците на Лос Анџелес.
На социјалните мрежи објавува каде и кога ќе застане за да можат нејзините обожаватели да купат сладолед.
Актерката која со улогата на Самер Квин стекна статус секс-симбол, прогласи личен банкрот минатата година, но не се предаде.
Никол во популарната серија по песочните плажи трчаше со Памела Андерсон и Кармен Електра. Откако ја роди ќерката Дилан во 2000 година, се бореше со прекумерната тежина која влијаеше на сите аспекти на нејзиниот живот. Се обидуваше неколку пати да слабее и пред камерите, но во 2011 година доби втора ќерка Кеган и повторно побара помош од експерти, по што конечно успеа да се ослободи од вишокот килограми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа