Србија договара антикризни мерки
Лидерите на Социјалистичката партија на Србија, Српската напредна партија и Обединетите региони на Србија, Ивица Дачич, Александар Вучиќ и Млаѓан Динкиќ, денеска ќе имаат нова средба, посветена на предлогот за антикризни мерки, соопшти весникот „Блиц“.
Со вака усогласениот план, што треба да донесе заштеди во буџетот, владината тројка во петок ќе разговара со членовите на Фискалниот совет. Потоа ќе следат консултации на тројцата лидери со претставниците на Социјално-економскиот совет, Националниот совет за економско обновување и синдикатите.
Засега е познато само дека замислените мерки не вклучуваат кастрења во јавниот сектор.