Праќајте пари преку Фејсбук

Социјалната мрежа Фејсбук ќе претстави сопствен сервис за плаќање, со кој ќе влезе во борба со компаните како PayPal и Venmo. TechCrunch објави screenshot од новата платформа за плаќање, која тајно е вградена во моменталната верзија на Facebook Messenger за iOS.

Овој сервис на корисниците ќе им овозможи да испраќаат пари на други пријатели, исто како што закачуваат фотографии во пораките. Моментално сервисот прима само плаќање со дебитни картички, кои доаѓаат со понизок надомест за обработка од кредитните и полесни се за конфигурирање.

Кога се зборува за надомест, засега не постои никаков за корисниците кога изпраќаат пари едни на други, но сепак ова е рана верзија на сервисот. Секако ова е само прв знак дека Фејсбук е заинтересиран за онлајн плаќање.

07.10.2014 - 15:13


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа