Б.Б Кинг ја прекина турнејата поради болест

Легендарниот блуз гитарист Б.Б Кинг ја прекина својата последна турнеја низ САД поради болест.  Кинг кој сега има 89 години, не можеше да го продолжи својот концерт во Чикаго, што се одржа во петокот вечерта.

 Во рамките на оваа американска турнеја, славниот блузер требаше да има настапи и со неговите два блуз клуба во Њујорк.
 
Кинг боледува подолго време од дијабетес и во 2007 година помина извесно време на лекување во болница.
07.10.2014 - 14:56


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега