Дали знаете дека мандарините се лековити?

Дали знаете дека мандарините се всушност лековити? Мандарините можат да ја намалат можноста за добивање на рак на црниот дроб. Всушност, научниците на Универзитетот Кјото откриле дека луѓето кои имаат хроничен вирусен хепатит можат да го намалат ризикот за добивање на рак на црниот дроб ако пијат сок од свежи мандарини. Исто така мандарините можат да ви дадат и до 80 отсто од потребниот дневен внос за витамин Ц. А витаминот Ц е и повеќекратно корисен, на пример во борбата со слободните радикали. Тоа се молекули со непарен број на електрони кои го бараат својот пар со што "крадат" електрони од стабилните слободни радикали.Антиоксидансите во мандарините можат да го намалат нивото на лошиот холестерол дури и можат да ви помогнат во броба против килограмите.

07.10.2014 - 14:44


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега