Страшни поплави во Европа - во последен момент со хеликоптер спасени неколку фармери
Местото Дегендорф во Германија каде се излеа реката Дунав заврши под вода. Граѓаните биле спасувани со хеликоптер, па така со негова помош било спречено да дојде до голема трагедија, кога во последен момент биле спасени четири фармери. Нивниот трактор го однела водата, па така тие останале заробени во неа. Така, во Германија се евакуирани околу 600 лица.
Канцеларката Ангела Меркел вети помош од 100 милиони евра за подрачјата кои се погодени од поплавите. На граѓаните им помагаат 100 спасители и околу 3.500 пожарникари.
Состојбата е алармантна и во Чешка иако водостојот на реките се намалува. Евакуирани се повеќе од 19.000 лица.