Ибрахимовиќ: Јас сум доказ дека секој може да успее во животот

Ѕвездата на Сен Жермен, Златан Ибрахимовиќ откри интересни детали од неговиот животот пред да стане славен.

- Како еден хулиган од емигрантски кварт на Малме стигна дотука? Никој не веруваше дека ќе успеам. Сите ме плукаа, навредуваа. Мислеа дека ќе исчезнам, бидејќи имам голема уста. Мислеа дека овој човек е луд. Но тоа не се случи. Јас имав мечта до каде ќе дојдам. И еве ме овде”, рече фудбалерот.

Фудбалерот не се плаши од крајот на својата кариера вели дека тоа е нормално и дека на секој му се случува. 

- Не, токму спротивното. Го чекам тој момент. Кога си фудбалер, поминуваш многу време во хотели, патувања. Пропушташ многу. Мојот поголем син има осум а, другиот –шест. Не сум бил со нив секој ден од нивните животи. Сакам да сум семеен тип, сакам да престанам кога сум на врвот. А кога ќе се случи тоа – ќе најдам начин. Да почекаме. Ме познавате. Секогаш има начин”, раскажа Златен. 

07.10.2014 - 13:22


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега