Жената во црвено: Нема разлика меѓу мене и останатите турски демонстранти!

 

Жената во црвен фустан која стана симбол на протестите во Турција против режимот на Ердоган, вели дека не и се допаѓаат фотографиите кои се направени со неа и дека не треба луѓето да ја гледаат како некој кој е поразличен од другите демонстранти во Турција.

- Заедно со мене во паркот на протестите имаше уште илјадници други лица. Не гледам разлика меѓу себе и нив, вели жената, пренесува Си-Ен-Ен.

Инаку, оваа жена која стана симбол на протестите во Турција е фотографирана додека полицаец ја прска со вода, по што секако таа не можела да направи ништо освен да си замине.

- Секој граѓанин кој си ги брани човечките права, секој студент кој ги брани своите акдемски права, може да посведочи за полициската бруталност која јас ја преживеав, додава Сејда.

 

најчитано сега