Млади таленти ќе настапат со Македонската филхармонија

 

 

Деветмина млади музичари, по пат на селективни аудиции се избрани за настап на концерт со Македонската филхармонија, која традиционално во рамки на својата концертна сезона остава простор за претставување на најмладите таленти, ученици од државните музички училишта во Република Македонија.

На концертот, кој ќе се одржи вечер во Домот на АРМ со почеток во 20 часот под диригентската палка на Ле Фи Фи, како солисти ќе настапат Александар Иванов (виолина), Инес Неделковска (пијано), Јован Јованов (кларинет), Дамјан Каранфилов (баритон), Ени Вучидолова (виолина) и Анастасија Грговска (пијано) од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ - Скопје, Тамара Коминовска (пијано) и Томе Костовски (пијано) од ДМУ - Битола, и Демир Кантуровски (кларинет) од ДМУ „Сергеј Михајлов“ - Штип.

На програмата се дела од Сен-Санс, Брух, Кабалевски, Вебер, Леви, Григ, Моцарт, Крајслер и Бетовен. 

ФОТО: Денешен

најчитано сега