Се намалува водостојот на реките во Чешка
Чешка веќе петти ден се соочува со поплавите поради поројните дождови. За среќа, нивото на реките во најзагрозениот северен и северозападен дел на земјата веќе се намалува.
Водостојот на реката Елба во месноста Усти над Лаба и во Дечин почнал постепено да се намалува, а единствено трет степен на екстремна опасност од поплави се уште е во сила само во една област, во градот Мелник,.
Во целата Република, надвор од своите домови се уште се над 20.000 луѓе, а не функционираат 127 патни правци.