Мировната конференција во Сирија ќе се одржи следниот месец
Мировната конференција за Сирија е планирата за идниот месец и ќе се одржи под покровителство на Обединетите нации.
Преговорите меѓу спротивставените страни во Сирија на овој меѓународен форум ќе се водат со посредство на специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија, Лахдар Брахими.
Поканите до учесниците на конференцијата ќе бидат испратени од генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.