До крајот на годинава повеќе странски компании влегуваат во земјава

Повеќе странски компании најавија влез во македонската економија до крајот на годината најави од Штип, министерот за странски инвестиции Горан Мицковски.

Како што пренесува Канал 5, министерот не прецизира за кои компании се работи, се до финализирањето на договороти со нив. Мицковски е убеден дека 2014 година ќе се заврши на најдобар можен начин, со исполнување на планот за влезот на странскиот капитал во земјава.

- Има веќе завршено проекти за инвестирање од странски инвеститори, чии одлуки се дефинитивни да инвестираат во Македонија. Дел оед нив ги имаат и лоцирано локациите во земјава каде ке ги градат своите објекти. За нивно обелоденување чекаме дозвола од нивните менаџерски тимови, бидејќи да не заборавиме, тие компании котираат високо на светските берзи, и согласно со тоа има одредени бизнис правила кои мора да ги почитуваме, информира Горан Мицковски, пренесува Канал 5.

Поголем дел од компаниите се од производствениот сектор, открива министерот за странски инвестиции, не исклучувајќи ја можноста помеѓу нив да се најдат и компании од други области.

- Оваа е интересна динамика и светот на бизнисот оперира на сосем друг начин. Она што беше зацртано како план за работа е исполнет на Министерството за изминатите како што рековте, сто дена од како сум дојден на оваа функција, подвлече Мицковски.

07.10.2014 - 09:53


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега