Мојата ќерка е жива, ќе видите! - "полуде" мајката на Ивана

Резултатите од направената ДНК анализа потврдија дека Ивана Подрашчиќ од Батајница била убиена кон крајот на јули во селото Раковци. Веднаш по добивање на резултатите полицијата им соопшти на родителите дека нивната ќерка е мртва, но нејзината мајка Нада се уште не може да ја прифати смртта на својата малолетна ќерка. 

Немам што да ви кажам освен тоа дека мојата ќерка е жива и за два- три дена јас ќе ви соопштам среќна вест. Ќе видите дека се ќе биде во ред- изјавила мајката на Ивана за српски Ало.

 

Во тек на ДНК тестот, ниту еден член од семејството на Ивана не отишол во институтот за судска медицина за да ја потврди смртта на Ивана и да изврши идентификација. 

 

 

 

07.10.2014 - 09:33


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега