Денеска најстудениот ден - што ќе се случува со времето?

Денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер. Утринските температури ќе се движат од 7°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 13°C односно до 20°C.

Во среда во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 4°C до 11°C, а дневните температури во пораст и ќе се движат од 17°C до 24°C.

Во вечерните часови ќе има појава на магла.

Во четврток во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот претежно сончево и топло. Слаб ветер. Утринските температури од 4°C до 11°C, а максималните дневни температури од 17°C до 24°C 

Во вечерните часови ќе има појава на магла.

Во Македонија во петок во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб ветер. Утринските температури ќе се спуштат на 5°C односно на 13°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 18°C односно до 25°C.

Во вечерните часови ќе има појава на магла.

Стабилното и топло време ќе продолжи и во деновите од викендот.

 Во сабота и недела во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринските температри ќе се движат од 5°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 17°C односно до 24°C. 

07.10.2014 - 09:17


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега