Путин во Србија ќе го донесе и „црвеното копче“ за уништување на светот

Главна тема во Србија е доаѓањето на Путин во Белград на 16 октомври.

 

Путин во Србија ќе пристигне со луксузниот авион „љушин”, во кој славините во тоалетите се од злато , седиштата се од скапоцена кожа, а ѕидовите се рачно насликани. Низ воздушниот простор на Србија ќе го следат авиони “Mиг -29″. Во Белград тој веројатно ќе го користи својот „мерцедес”, но не е исклучено да се вози и во неговото оклопно возило „зил 41052″, познато по тоа што може да издржи нуклеарен удар. Составено е веќе и менито, од аперитив до главното јадење.

 

Претседателот на Русија, на неговите патувања секогаш го следат двајца офицери од морнарицата во тегет костуми кои го носат фамозното „атомско куферче ” во кој е сместен уредот за врски и преку кој врховниот командант може да ги лансира ракетите со атомски боеви глави. Путин не се дели од овој куфер при посетите на други земји.

На аеродромот „Никола Тесла ” тој ќе биде пречекан од српскиот претседател Томислав Николиќ. Еден ден пред тој да пристигне, во Белград ќе дојде цел одред на руски специјалци кои ќе ја проверат трасата по која ќе се движи нивниот претседател. Путин во своето возило ќе отиде во Палата Србија каде ќе го пречекаат девојки облечени во народни носии и ќе го послужат со леб и сол.

За атмоферата за време на ручекот ќе биде задолжен хорот Станислав Бинички кој ќе пее српски и руски песни. На ручекот на кој е предвидено да присуствуваат сите претставници на руската и на српската делегација како аперитив ќе се служи најдобрата домашна ракија . За предјадење ќе се сервира говедска и свинска пршута, разни пити и гибаници, проја, разни сиреви, ајвар, сувомесни производи и се исклучиво од Србија. Главно јадење ќе бидат неколку чорби и супи, јагнешко и прасечко, скара и риба.

 

Проценките се дека Путин во Србија ќе го обезбедуваат 4000 полицајци. Трасата по која тој ќе се движи, претходната ноќ ќе биде исчистена од сите возила, а сите шахти ќе бидат проверени и запечатени. На крововите на зградите ќе се наоѓаат снајперисти, а на станарите на тие објекти ќе им биде забрането да ги отвораат прозорците за време додека поминува рускиот претседател.

07.10.2014 - 09:05


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега