Се урна зграда во Филаделфија - четири лица го загубија животот
Зграда се урна во Филаделфија во централната сојузна државна Пенсилванија при што за жал животот го загубија 4 лица.
Четирикатната зграда, која вчера се урна била во процес на уривање. Делови од неа паднале врз соседната продавница, во која во тој момент имало луѓе и целосно ја разурнале.
Спасувачите успеале од под урнатините да извадат 13 лица кои веднаш биле префрлени во болница, а не е исклучена можноста под урнатините да има уште луѓе.