Возилата со ЕУРО 2 стандард ќе мора да вградуваат катализатори

Возилата со ЕУРО 1 и ЕУРО 2 стандард на моторот ќе мора да стават катализатор, ако анализите покажат дека тие загадуваат. Министреството за економија сеуште ги  чека резултатите Ако тие покажат дека загадувањето од овие возила е големо, најверојатно оние кои ги користат ќе мора да стават катализатор. Министерот Незири за АЛСАТ- М изјави дека трошокот за уредот е минимален.

Иако во повеќе земји меѓу кои и Албанија,  за постарите возила цената на регистрација е повисока, кај нас не се воведени вакви мерки, изјави Незири.
Отако во 2010 година се дозволи увоз на половни возила од странство, во змејава со еуро 2 стандард внесени  се околу 180 илијади автиомобили.

Пред извесно време владата одлучи да го стопира узвозот на половни возила со ниски еколошки стандарди. Автомобили со ЕУРО 2 еколошки стандради ќе можат да се внесат во зејава до крајот на годинава, а со ЕУРО 3 ќе се увезуваат најдоцна до крајот на јуни следната година. Од први јули 2015 ќе, можат да се носат возла од странство, само ако тие ја исполнуваат минималната норма ЕУРО 4 стандард на моторот.

06.10.2014 - 21:56
Фото: 
06.10.2014 - 21:55


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега