Косовската претседателка ќе го посети Белград на 1-ви ноември

Косовската претседателка Атифете Јахјага би требало да дојде во Белград на 1-ви ноември, јави Танјуг.

Според приштинските медиуми, на Јахјага и пристигнала покана да учествува на трилатералниот состанок што во Белград ќе го организира Европската комисија.

Портпаролот на претседателката на Косово Арбер Влахиу потврди дека од ЕК пристигнала покана за Јахјага во нејзиниот кабинет.

- Поканата пристигна и во моментот се разгледува можноста за посета на Јахјага на Белград, рече Влахиу, додавајќи дека официјална одлука се уште не е донесена.

На трилатералниот состанок, како што пренесува порталот „Телеграф“ на албански јазик, поканети се и српскиот премиер Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама.

06.10.2014 - 17:54


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега