Груевски и Заев денеска на кафе

 

Денеска, македонскиот премиер Никола Груевски во просториите на Владата на Република Македонија ќе оствари средба со новиот претседател на опозициската СДСМ, Зоран Заев.

Посетата на Заев е согласно претходно востановената пракса за средба на премиер и лидер на опозицијата.

Инаку, премиерот Груевски, телефонски му го честиташе на Заев изборот за претседател на СДСМ, посакувајќи му добро здравје и мудрост во работата.

Зоран Заев, досегашниот потпретседател на СДСМ и актуелен градоначалник на Струмица, во неделата на партискиот конгрес беше избран за нов лидер на Социјалдемократскиот сојуз. Кандидати за претседател на партијата беа и Зоран Јовановски и Кире Наумов.

најчитано сега