Се скарал со сопругата па си пукал во глава

Маж стар 30 години чиј идентитет е непознат, е пронајден мртов синоќа во шума во Србија. Според податоците на српскиот Курир, имал прострелна рана на главата, а се претпоставува дека станува збор за самоубиство, бидејќи до мртвото тело бил пронајден и пиштол.

Тој во 16 часот и 30 минути до шумата дошол со својот автомобил, а потоа откако се паркирал, пешки отишол до местото каде си пукал во главата. Починал на лице место.

Според податоците на Курир.рс, најверојатно пред да си го одземе животот, 30-годишниот Србин се скарал со сопругата. 

Обдукцијата е во тек.

06.10.2014 - 14:03


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега