Се огласи братот на убиецот на Ивана

Срамота, грозно...нека изгние во затвор и никогаш повеќе да не види бел ден по она што го направи. Вака братот на убиецот на Ивана кој го згрози Балканот, коментира за грозоморното убиство.

- Тој е монструм, повеќе не ми е брат! Навистина се срамам што ми е барт, не сакам повеќе да го видам ниту слушнам. Јавно се одрекувам од него, вели 46-годишниот Слободан Алексиќ, братот на монструмот Дарко Костиќ кој ја силуваше и уби 14-годишната Ивана и ја зави Србија во црно.

Тој е еден од шесте браќа на убиецот. Вели дека не сака ништо да знае за Дарко и дека повеќе не му е брат.

- Требаше да го обесат, или нека гние 40 години во затвор. Нека гори во пеколот, вели тој.

Инаку, ова е второ грозоморно убиство кое периодов ја згрози јавноста откако претходно Драган Ѓуриќ ја уби 15-годишната Тијана, ја силуваше и ја закопа. 

06.10.2014 - 13:46
Фото: 
курир.рс


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега