По грешка пуштиле српски затвореник на слобода- сега го молат да се врати

Хаос се случил во затворот Гарстен во Австрија кога по грешка три години порано бил ослободен државјанин на Србија, кој таму издржувал казна поради грабеж.

Затвореникот сега го повикуваат да се врати и тоа преку австрискиот весник „Oberoesterreichische Nachrichten“.

Управникот на австралискиот затворски систем, генералот Петер Прехтл, истакнал дека жали поради „грешката“, но  застанал во одбрана на затворските службеници, тврдејќи дека се тие сепак „добри луѓе“.

Ваквото недоразбирање, односно ослободување од затворот дури три години порано, се случило поради погрешно внесени податоци во компјутерскиот систем. Поради тоа, 30-годишниот Србин бил пуштен од затворот и депортиран. Сега, Австрија го бара да се врати.

На неговата адреса во Србија веќе бил испратен повик повторно да се јави во затворот и да ја одлежи казната, и дека доколку не го направи тоа,  по него ќе биде распишана меѓународна потерница.

06.10.2014 - 13:33


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега