Планови на европските елити! - Дали идејата за балканска конфедерација е мртва!?

Балканска федерација, или Балканска конфедерација била политички проект на државните здружени земји од Балканот. Во текот на историјата, за вакво нешто воглавно се залагале левичарите од земјите во опкружувањето, меѓу кои оваа идеја и денеска има свои застапници.

Во најновото издание на Мост на Радио Слободна Европа, се разговарало за тоа какво значење има идејата за создавање на Балканска конфедерација. Соговорници биле историчарите Иво Банац – долгогодишен професор на американскиот универзитет Јеил, и Владан Јовановиќ, научен соработник на белградскиот институт за нова историја на Србија.

Станувало збор за тоа какви се шансите да се формира таканаречена западно балканска шесторка чие здружување го предложил црногорскиот министер за надворешни работи Лукшиќ, во времето кога за прв пат се јавила идејата за конфедерација на балканските држави, идеја за која што најмногу се залагале левичарите, и на начин на кој што Коминтерната го замислувала Балканот како конфедерација, како и за тоа дали идејата за држава која би ги обединила сите балкански народи настанала поради уверувањата дека на тој начин би се избегнале сите конфликти на оваа територија. ЕУ благоналоно гледа на иницијативите за формирање на балканска асоцијација, како и на тоа дека поделбите на Балканот се толку длабоки да секоја идеја за поврзување на државите и народите на ова подрачје е осудено на пропаст.

Ако го земеме во предвид тоа што Црна Гора по своите масонски корени е далеку пред другите поранешни членки на СФРЈ, можеме со сигурност да кажеме дека тие се гласноговорници на Европските масони. 

06.10.2014 - 10:38


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега