Директорката на училиштето виновна за смртта на 12- годишното момче?

На игралиштето на на Техничкото училиште каде загина 12- годишниот Сава Стевановиќ пред година дена истиот гол паднал врз ученик и му ја скршил ногата. Училиштето не преземало никакви мерки за нова конструкција на голот со што би била спречена големата трагедија за семејството Стевановиќ. Сега се поставува прашањето за одговорноста на директорката, за смртта на малиот Сава.

 Полицијата веднаш по трагедијата земала изјава од директорката на училиштето Лилјана Жикиќ, која не знаела да објасни зошто голот и после година дена не бил сменет. 

- Против директорката ќе биде поднесена кривична пријава. Полицијата се уште собира докази за несреќата. Како еден од позначајните докази земена е снимка од безбедносните камери поставени во училиштето, каде е забележан моментот кога загинал малиот Сава. 

 

06.10.2014 - 10:00


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега