Душебаев вторпат во тимот на колото и со најубав гол

Десниот бек на Вардар Алекс Душебаев вторпат во првите две кола се наоѓа во најдобрата „седморка“ на колото во Лигата на шампионите. На дуелот со Чеховски Медведи, Душебаев постигна седум голови, а еден од нив беше избран и како најубав.

Во изборот на најубавите голови се најде и Тимур Дибиров, кој постигна 8 голови, а еден од тие е рангиран како број 5.

Најдобрата „седморка“ на второто коло ја сочинуваат:

лево крило - Хуан Гарсија (Ла Риоха),

лев бек - Емил Бергрен (Алборг),

среден бек - Арон Палмарсон (Кил),

десен бек - Алекс Душебаев (Вардар),

десно крило - Драган Гајиќ (Монпеље),

пикер - Тиаго Роча (Висла) и

голман - Роланд Миклер (Веспрем).

06.10.2014 - 09:47


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега