Трагедијата нема крај: Прво таткото па синот заминаа во смрт - семејството скршено од болка

12-годишното момченце кое загина откако на него падна гол во училишен двор го зави своето семејство во црно. За жал, ова не е единствената трагедија која го снашла семејството Стефановиќ.

Како што пишува српскиот Курир, момчето како и секој ден излегло надвор да си игра со другарчињата. Додека играле, тој го фатил голот, а тој паднал врз него и му ја повредил главата. Момчето беше веднаш пренесено во болница, но за жал и покрај напорите лекарите не успејаа да го спасат.

Пред пет години, и таткото на несреќното момченце загинал во страотна несреќа. Тој го загубил животот во страшна сообраќајна несреќа.

Втората трагедија ја скрши од болка мајката на малото момче. Таа не сака да зборува со никого и не е способна да се грижи сама за себе.

06.10.2014 - 09:34


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега