ФОТО: Дрогата “крокодил“ стигна во Србија- телото на пациентот се распаѓа

Во една позната клиника во Белград, на одделението за пластична хирургија е примен првиот пациент кој е зависник од злогласената дрога “крокодил“, пишува Телеграф.рс.

 

Пациентот е во многу тешка состојба, со сериозни физички повреди (телото буквално му се распаѓа), но неговата состојба е стабилизирана и за сега се наоѓа надвор од животна опасност.

 

-Ова е прв пациент со вака драстични псоледици од моментално најстрашната дрога која постои на пазарот. Се работи за средовечен маж од Белград. Оштетувањата на кожата се големи, глетката е ужасна. За негова среќа, состојбата му е стабилизрана, пишува Телеграф.

 

“Крокодил” е дрога од “домашните работилници” која се добива со мешање на кодеин и бензин, три пати е поевтина од хероинот, но има слично дејство, па затоа и веќе подолго време е исклучително популарна во Русија. 

06.10.2014 - 09:18


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега