Серија А: Победи на домашните екипи

Во двата натпревари од 6.коло во фудбалското првенство на Италија одиграни вчера победи забележаа домашните екипи.
Верона минимално, со 1:0, ја победи екипата на Каљари, додека Милан беше подобар од Киево со 2:0.
Денеска ќе играат останатите средби од оваа рунда. Двојките се: Емполи – Палермо (од 12:30 часот), Удинезе – Чезена, Сампдорија – Аталанта, Парма – Џенова, Лацио – Сасуоло (15), Јувентус – Рома (18), Фиорентина – Интер и Наполи – Торино (20:45).
Табела: Јувентус 15 бодови, Рома 15, Удинезе 12, Милан 12 (+1 натпревар повеќе), Сампдорија 11, Верона 8 (+1), Интер 8...
05.10.2014 - 10:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа