Словенија: Свештеник осомничен за педофилија

На словенечки свештеник, осомничен за сексуално злоставување на малолетничка на која и предавал веронаука, му одреден домашен притвор и воедно му е забранета работа со деца, соопштија денеска претставници на Католичката црква во Словенија.

Полицијата од градот Копер информира дека 54-годишниот свештеник е осомничен за злоупотреба на својата позиција и за сексуален однос со малолетничка на возраст од 15 години.

На лицата на кои им е доверена грижа за деца, а извршиле злоупотреба врз нив или малтретирање се предвидува казна затвор од три до десет години, соопшти словенечката полиција.

Портапаролот на Коперската бискупија изјави дека Црквата активно соработува со властите во врска со случајот.

Сепак црквени извори велат дека медиумите претеруваат со сомнежот за раширеноста на педофилија меѓу свештенството, иако признаваат дека Црквата води повеќе истраги завакви случаи.

Во последниве неколку години, неколку свештеници се осудени од страна на граѓански судови за малтретирање на малолетници кои посетувале веронаука

03.10.2014 - 18:26

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега