ВИДЕО: Најубавиот бакнеж кој траеше цел живот

Кога сме мали веруваме во бајки и се забавуваме со фантазиите за иднината. Веруваме во вили, принц на бел коњ и сонуваме толку цврсто што речиси го чувствуваме нивното присуство.

 

Но кога ќе пораснеме, доколку сме среќни - нашата бајка започнува...

 

Го знаете оној момент кога се чувствувате дека сте на прагот на нешто големо, па нервозата и среќата го обземаат вашето тело? Баш како пред првиот бакнеж.

Сè одеднаш губи смисла, освен вие двајца.

Се бакнувате за почеток и крај на денот. Се бакнувате за добро завршена работа, за утеха, за поддршка.

Се бакнувате за првата плата, првиот заеднички одмор, првата принова...

 

Уживаjте секој ден во магичниот свет на бакнежите, баш како овој симпатичен пар. Секој пат. Засекогаш!

Извор: Црно Бело

03.10.2014 - 16:32

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега