Разбиени: 9 митови за технологијата!

Мислите дека сте ги избришале сите документи ако сте ја испразниле корпата со ѓубре на дестктопот? УВерени сте дека сте сигурни дека сурфате анонимно?

Работит не се секогаш такви како што ви се чини на прв поглед!

Технологијата во изминатите неколку години толку напредна што некои совети кои биле корисни пред десет години, денеска се целосно неупотребливи па дури и штетни за новите уреди.

Но значи ли тоа дека треба да ги заборавиме сите совети кои со текот на години сте ги слушнале за мобилните телефони, таблетите или компјутерите?

Популарниот Mechanics направи листа на митови кои со текот на години кружат меѓу корисниците, а кои можат, но и не мораат да бидат вистините. Некои од нив се нови со датумот, додека друи се стари веќе дваесетина години.

„Јалибреак“и „Root“ се илегални

Откако на пазарот се појавија паметните телефони, искусните корисниц, бараат начин како да ги заобиколат ограничувањата на оперативните програми и пристапат во оние делови на уредите кои се недостапни кај просечните корисници.

Најпопуларни се методит на „Jalibreak“ со уредите со iOS односно Root за уредите со Андроид. Се работи за уфрлување на оперативен систем во паметните телефони без ограничувања кои производителот ги има вградено во оригиналниот оперативен систем.

Но дали Jalibreak и Root се илегални и се забранети со закон? Во САД одлучиле како jailbreak na iPhone биде илегален, а со тоа корисниците ја губат гаранцијата од Appele додека на iPod ваквото нешто се смета за сиво подрачје.

На Балканот сеуште никој се нема позанимавано со правните страни на ваквите уреди.

Во секој случај, го промените ли оперативниот систем на уредите или низ jailbreak или низ root, произведувачите повеќе нема да ви ја признаат гаранцијата. Ако нешто се случи со уредот, после тоа поправката ќе ја платите како да немате гаранција.

Се исплати ли да се ризикува? Милиони корисници кои ги користеле jailbreak или root на своите уреди тврдат дека се исплати, но и дека секогаш постои ризик да наместо, подобар уред, на крајот завршат со „цигла“.

Што се однесува до отклучувањето на уредот со мобилната мрежа, во правилникот за начинот и условите на електорнската комуникациска мрежа и услуги, пропишано е дека операторот може да ја ограничи работата на мобилнот уред на работ на својата мрежа само за време на претплатничкиот договор. По истекот на истиот односно во случај на при-пејд корисниците по 12 месеци користење на услугите, операторот би требало на барање на корисникот да го отклучи уредот.

Што повеќе црти толку подобар сигнал

Се сеќавате ли на оние сцени од почетокот на ерата на мобилните кога со влегувањето во зграда или тунел ќе го изгубите сигналот. Ќе ви се прекине врската или нема да можете да пратите СМС пораки. А погледот на екранот ќе покаже дека немате ниту една цртица која ја означува силината на сигналот?

Значи ли тоа дека е потребно што повеќе црти за да ни се овозможи подобар сигнал: Да и не. Квалитетот не зависи од бројот на цртици. Тие само ја означуваат силината на сигналот кон предавателот.

Доколку предавателот е преоптоварен можете да ги имате сите цртици, но и понатаму да не можете да воспоставите повик. Најдобар пример е за Нова година кога сите праќаат пораки или се јавуваат, но врската паѓа, или не поминуваат СМС пораките.

Исто така приказ за јачината на сигналот варира од уред до уред. Старите уреди со слаби приемници на екраните можат да имаат само една или две црти, додека кај новите уреди со засилен приемен сигнал истиот може да биде целосно полн.

LED и LCD се различни технологии

Произведувачите на телевизори сакаат да ги истакнат различните букви и модели на своите уреди за да нагласат дека нивниот уред е направен со помош на најновата технологија. Така често LED и LCD се прикажани како две различни технологии, но тоа не е точно.

LED е всушност назнака која покажува на кој начин се доаѓа до светлоста во позадината на LCD. LCD телевизорите по правило се нешто подебели затоа што се ослонуваат на ладните катодни флуресцентни лаби кои емитираат бела светлина, а во кои потоа се додава боја за да се создаде слика. Од друга страна LED телевизорите се доста тенки, затоа што користат светлечки диоди кои емитуваат светлост и боја.

За разлика од плазмите и LCD телевизорите, LED телевизорите се нешто поштедливи во однос на потрошувачката на енергија, а и наводно траеле подолго.

Лаптопот секогаш може да биде уклучен во струја

Батеријата во мобилниот компјутер со текот на годините бил предмет на различни расправи. Треба ли да ја извадите од лаптопот, кога е приклучен на струја?  Треба ли целосно да ја испразните пред повторно полнење? Треба ли воопшто да ја полните батеријата до крај?

Сакате ли што подобро да ја искористите батеријата на лаптопот, требате ли, пред се, да внимавате на самиот лап-топ. Доколку ја полните батеријата и работите на компјутерот и приметите дека силно се загрева, исклучете го од струја. Имено, загреваењето го намалува животниот век на батеријата и ја прави се послаба.

Освен топлината, за батеријата потребен е и висок напон. Онаков каков што се создава во батеријата за време на полнењето и откако ќе се наполни до крај. Значи доколку сакате да ја одржите батеријата што подолго во живот, или ја наполните додека лаптопот е исклучен, ии престанете да ја полните пред да дојде до целосна наполнетост.

И обрнете внимание на она што ви сигнализира за програмата за управување со батеријата, ако воопшто ја имате таа опција на вашиот лап-топ. Тоа може да ви каже кога батеријата е загреана, или уште колку циклуси на полнење/празнење преостанале пред да бидете принудени да ја замените батеријата.

Уредите на Appele не можат да добијат вирус

Со години апаратите на Appel се сметале како имуни на вируси. Но откако вирусит Flashback зарази околу 250 илјади корисници на  Mac уредите, Appele морал да признае како нивниот апарат не е имун на вируси.

Вистината е дека овие уреди се помалку изложени на вируси и хакерски напади затоа што во светот ги има помалку уреди кои го користат Windows како оперативен систем. Но како што минува времето, така се зголемува бројот на корисници на Mac и тие стануваат се поголема мета на хакерски напади.

Затоа сопствениците на Mac треба да инсталираат антивирусни програм, и да обратат внимание на интернет страниците на кои сурфаат за да го намалат и ризикот од вируси.

Што повеќе пиксели толку подобра фотка

Вистината е дека камерите со 16 мегапиксели мое да направи подобра фотографија од оние со 3 или 6, но тоа не значи дека конечниот резултат ќе биде подобар.

Дали фотката која сте ја направиле со камера од 16 мегапиксели, за секој нејзин детал, биде видлив, зависи од самиот сензор на камерата. Колку е сензорот поголем, може да регистрира светслосни податоци во повеќе детали.

Така може да имате камера со 20 мегапиксели, но доколку сензорот е со големина на главата на игла, сите тие силни пиксели нема да дојдат до израз.

Кај мобилните уреди, разликата се чуствува во зависност од софтверот кој се користи за обработка на фотките во самиот уред. Тоа најдобро се гледа по ажурирањето на составот на фотките кои потоа наеднаш стануваат целосно чисти и детални.

За најдобро HD искуство, ви требаат и најскапи каблови

Произведувачите на кабли постојано исфрлаат нови, уште подобри кабли кои би требале да го осигураат совршениот звук и слика. Но кај HDMI каблите тоа не е така.

HDMI каблите пренесуваат дигитален сигнал кој или минува низ кабелот или не минува. Затоа не е важни дали имате кабел со златни конектори или оној кој сте го купиле во блискиот трговск за ефтини пари. Ако е исправен и добро споен, преносот на сигналот ќе се одвива без проблеми.
Една замерка би можела да биде доколку ви треба кабел долг од 3 до 4 метри. Кај евтините кабли на голема оддалечност може да дојде до слабеење на сигалот, а во таков случај не е лошо да дадете некоја пара повеќе. Но, тоа и понатаму не значи дека ви треба кабел со златни конектори, освен ако не сакате да го имате по дома.

Празнењет на кошничката со ѓубре ги брише документите засекогаш

Сакате ли да избришете некој документ на својот комјутер, ќе го испратите во корпата со ѓубре, а потоа истата ќе ја испразните и тој документ ќе биде избришан. Тоа и не е во целост точно.

Имено кога корисникот ќе ја испразни корпата со ѓубре, уредот физички не го има избришано ниту еден документ од својт твр диск. Тој само ја избришал врската која била создадена кон тој документ, и просторот на кој тој документ се наоѓа, и кој може да се исполни со друг документ.

За да во целост го избришете документот од уредот, потребно е да направите уште еден чекор. На Мac е потребно да оберете secure emty Trash опцијата, додека корисниците на Windows мора да посегнат со специјализирана програма коа во целост ги уништува сите траги на документи на уредот.

Но и самото празнење на корпичката со ѓубре, си има своја предност. Доколку некој документ не сакате да биде избришан, веројатно ќе може повторно да го пронајдете. Барем во теорија.

Приватното сурфање ја штити вашата приватност

Речиси сите интернет поединци имаат можност приватно или анонимно да сурфаат преку интернет. На иако можат да ве уверат дека кога ќе ја уклучите ваквата опција на сурфање, вие тоа го правите анонимно, всушност и не е баш така.

Иако во прегледот на приватното сурфање, нема да ги забележи информациите за тоа кои страници сте ги посетиле или што воопшто пишувате во вашиот образец, вашиот интернет провајдер, самата веб страница, но  огласувачте и понатаму можат да ве набљудуваат што правите на интернет.

Доклку навистина сакате да бидете анонимни додека сурфате, потребен ви е „посредник“ односно „proxy server“ како Tora кои ќе ја маскира вашата IP адреса и ќе ве прикаже како некој друг корисник. Другата опција а користење е VPN односно сигурна врска која ги кодирасите податоци кои ги испраќате во светот и на тој начин ја штити вашата приватност.   

 

 

02.10.2014 - 15:52

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега