Тачи се сретна со амбасадорот на Италија Ернесто Белели

Мендух Тачи претседателот на ДПА денеска во седиштето на партијата се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија Ернесто Белели.

Како што информираат од ДПА, на состанокот биле разменети мислења за актуелната политичка ситуација во земјата, за инцидентот во Собранието, меѓуетничките односи и интеграцијата во НАТО и во ЕУ.

За односите и меѓуетничките тензии, Тачи истакнал дека политиката на ДПА претставува превенција, а во таа насока е и новата платформа на партијата.

Тачи посочил дека Албанците од Македонија никогаш нема да се откажат од патот кон интеграција во Европската унија и НАТО, и во таа насока, ДПА ќе продолжи да комуницира со сите релевантни чинители во земјата и во странство.

02.10.2014 - 15:19

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега