Се урна хеликоптер во Франција- пет лица го загубија животот

Хеликоптер што полетал од Швајцарија, денеска се урнал во источниот дел на Франција.

 

Во несреќата загинале пет лица, а еден со тешки повреди е префрлен во болница.

 

Хеликоптерот со седуммина Швајцарци патувал од Лозана кон францускиот град Монбелиар. Пред да се урне кај Монбелиар, пилотот побарал помош преку радио врска.

 

Засега не е позната причината за несреќата. 

02.10.2014 - 15:31

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега