Провалил за вино и ракија - крадците не запираат

Непознат сторител од незаклучена помошна просторија – шупа украл пушка, моторни пили и други предмети во вредност од околу 120.000 денари.

На 30.09/01.10.2014 година во УО „Шари“ лоциран во с.Лисец на патот за Попова Шапка, сопственост на М.Х.(44) од Тетово, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба, при што од незаклучена помошна просторија – шупа, одзел ловечка пушка „Мозберг“ кал.12мм, сопственост на М.Х., која ја поседува со одобрение, ловечка пушка сопственост на негов пријател кој е на привремена работа во странство, три моторни пили, две бормашини, Хилта, неколку пакети вино и ракија, со што причинил материјална штета од околу 120.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

02.10.2014 - 15:22

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега