Во хеликоптерска несреќа загинаа пет лица

Хеликоптер што полетал од Швајцарија, денеска се урна во источниот дел на Франција, при што загинаа пет лица, соопштија франциските власти.

Хеликоптерот со седуммина Швајцарци патувал од Лозана кон францускиот град Монбелиар. Пред да се урне кај Монбелиар, пилотот побарал помош преку радио врска.

Петмина од патниците во хеликоптерот загинале, а еден со тешки повреди е префрлен во болница.

Засега не е позната причината за несреќата.

02.10.2014 - 14:39

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега