Во Сиера Леоне секој час се заразуваат по пет луѓе од вирусот на ебола

Најголемата меѓународна невладина организација во Велика Британија „Да ги спасиме децата“ предупреди денеска дека во Сиера Леоне секој час се заразуваат по пет луѓе од вирусот на ебола.

Според нив, минатата недела во Западна Африка пријавени се нови 765 нови случаи на Ебола додека во таа држава постојат на располагање само 327 болнички кревети.

Од Ебола досега животот го изгубија 3.338 луѓе, а 7.178 се инфицирани. Најмногу се погодени Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја.

Шефот на таа главна организација Џастин Форсајт наведува дека бројот на заразени во Сиера Леоне може набрзо двојно да се зголеми, на секој час да има десет нови заразени луѓе до крајот на месецот доколку не се преземат итни мерки.

02.10.2014 - 14:06

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега