Два милиони муслимани пристигнаа на аџилак во Мина

Околу два милиони муслимани денеска се собраа во Мина, во близина на светиот град Мека, на почеток на аџилакот.

Саудиските власти соопштија дека во земјата досега пристигнале 1,4 милиони муслимани од странство.

Верниците во Мина вечерта ќе ја поминат во молитва и поклонение.

На овогодинешниот аџилак, кој трае пет дена, не присуствуваат верниците од африканските држави поради епидемијата на ебола.

Властите во Саудиска Арабија одбија да издаваат визи за верниците од Сиера Леоне, од Либерија и од Гвинеја, со цел да се избегне евентуалното ширење на еболата за време на аџилакот. 

02.10.2014 - 13:42

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега