ВИДЕО: Запознајте го најпознатиот ловец на педофили

Стинсон Хантер - самопрогласениот ловец на педофили објави свој документарен филм на британската телевизија "Канал 4". Хантер досега помогнал во апсење на десет педофили, вклучувајќи војници, наставници и адвокати.  Тој и членовите на неговата екипа се преставуваат како момчиња и девојчиња на интернет. Лани, Хантер предизвика интерес кај медиумите и тоа поради фактот дека е одговорен за самоубиството на еден од педофилите кои ги гонел.

Имено Хантер е поранешен наркоман, со своето друштво "мами" педофили во домот. Педофилите очекуваат дека ќе се сретнат со детето со кое комуницирале по СМС пораки или на интернет. Но она кое педофилот не знае е дека пред куќата, но и во куќата има камера која го снима секое негово движење. Па така, кога ќе сфати што точно се случува веќе е доцна. 

Еве како успеваат во разоткривање на педофилите: Хантер и неговата екипа се преставуваат како малолетни деца, го договараат педофилот да дојде во домот на Хантер, а кога тој ќе дојде бараат од него да се престави и да се слика со фотоапарат. Во документарниот филм не се гледа лицето на педофилот, но затоа во детали е прикажано драматичното бегство на осомничениот. 

Видео снимката всушност е промотивен клип на документарниот филм кој трае еден час, а кој ќе се емитува на британската телевизија "Канал 4". Документарниот филм ќе го прикаже начинот на работење на Хантер, од стапувањето во контакт со педофилите па се до пресудата во судницата. 

02.10.2014 - 13:28

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега