ВИДЕО: Вака изгледа Јелена Ѓоковиќ неколку дена пред породувањето

Сопругата на светскиот број еден тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена, која ситно брои до породувањето, на сите дечиња им се обрати преку видео поставено на YouTube и ги покани да учествуваат во манифестацијата „Другаријада“, која ја организира фондацијата Ѓоковиќ...

 

Јелена свечено ја отвори манифестацијата, која се одржува втора година по ред.

 

Прекрасната сопруга на тенисерот со насмевка ги поздрави најмладите на кои сака да им помогне, но истовремено најави дека заради бременоста нема да присуствува на случувањата.

 

И покрај тоа што породувањето на Јелена се очекува во скоро време, таа изгледа беспрекорно и природно.

 

02.10.2014 - 12:53

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега