Торта со три фила и ореви

Потребни состојки: 

Пандишпан

12 белки

12 лажици шеќер

6 лажици брашно

1 пециво

150 гр сецкани ореви

Фил

1 л млеко

10 лажици шеќер

2 ванилин шеќер

12 жолчки

10 лажици брашно

250 гр маргарин

1 црно чоколадо

1 бело чоколадо

100 гр сецкани ореви

Декорација

2 шлаг пени

200 мл млеко

Начин на подготовка.

1. Во тенџере на оган се става млекото и шеќерот. Настрана во сад се одзема малку од млекото и се меша заедно со жолчките и брашното, па откако млекото ќе почне да врие, во тенок млаз се додава смесата од жолчки и брашно и се меша додека се згусти смесата, како за пудинг. Откако ќе ја добие потребната густина се трга настрана и се остава да се излади. Со миксер пенасто се мати маргаринот и се соединува со претходно оладениот фил. Филот се дели на три дела, во едниот се додава растопено бело чоколадо, во другиот растопено црно чоколадо, а во третиот се додаваат оревите.
2. За пандишпанот се матат белките со постепено додавање на шеќерот. Откако убаво ќе се изматат се додаваат останатите состојки и се промешува со лажица. Смесата се става во плех од ел. шпорет обложен со хартија за печење и се пече на 180 степени, 20 минути. Откако ќе се испече и олади пандишпанот се сече на три дела.
3. Филување- се става едната кора, врз неа чоколадниот фил, па втората кора, па филот со ореви, па третата кора и врз неа филот со бело чоколадо. Целата торта се премачкува со шлагот кој се мати со млекото.
4. Тортата е преубава и богата со фил.

Извор: Мои рецепти

 

02.10.2014 - 11:07

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега