Повторно одложување на конститутивната седница на косовскиот парламент

Повторно е одложено продолжението на конституивната седница на косовскиот парламент, закажано за денеска.

Највозрасната пратеничка, која претседава со седниците, Флора Бровина, тоа го сторила поаѓајќи од фактот што двата политички блока, Демократската партија од една и постизборната коалиција, Демократски сојуз,Алијансата за иднината на косово, Иницјативната за Косово и Движењето„Самоопределување“, од друга страна, не успеале да се договрат околу кандидатот за претседател на парламентот.

Таа изјавила дека одлагањето на седницата ќе даде дополнителна можност политичките партии да ги продолжат консултациите со претседателката Атифете Јахјага, во напорите да се најде решение.

- Со цел да се создаде доволен простор за надминување на политичката и институционалната криза, сметам дека е неопходно одлагање на продолжението на конститувната седница, со цел седницата усшено да заврши, смета Бровина.

По доставените соопштенија за одлагање на седницата, партиите од постоизборниот блок,реагираа барајќи седницата да се одржи денеска во 10 часот како што било предвидено претходно.

По вонредните парламентарни избори од осми јуни, на двапатти пропадна конституирањето на парламентот, првиот пат на 17 јули,кога за претседател на законодавниот дом беше избран, лидерот на демократскиот сојуз, Иса Мустафа, но Уставниот суд го поништи истото и вториот на 18 септември кога потребниот број гласови не го доби Арсим Бајрами, кандидатот на ДП. Прдолжение на седницата беше закажано за минатиот четврток, но беше одложено за денес.

02.10.2014 - 10:09

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега