„АрцелорМиттал Скопје" го одбележува Денот на потрошувачите

Компанијата АрцелорМиттал Скопје и оваа година традиционално го одбележува Ден на Потрошувачите 2014. Овогодинешниот трет по ред Ден на Потрошувачите ќе се одржи во хотелот Холидеј Ин во Скопје и истиот претставува еден од најголемите настани за компанијата АрцелорМиттал Скопје.

 На настанот ќе присуствуваат повеќе од 200 потрошувачи од повеќе од 12 земји од регионот и Европа, како и исклучително важни гости од АрцелорМиттал групацијата и тоа г. Бруно Рибо кој инаку е ЦЕО на АрцелорМиттал Романија и ЦЕО на АрцелорМиттал за Бизнис Дивизија Исток, како и г. Жан-Мартин Ван дер Хувен ЦMО на Flat Carbon Europe.

 Во склоп на одбележувањето на “Ден на Потрошувачите 2014”, предвидена е и посета на фабриката АрцелорМиттал Скопје.

 За време на самиот настан ќе бидат претставени најновите достигнувања и идните планови на компанијата во Македонија.

 

 

 

02.10.2014 - 09:47

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега