„Чии солзи повеќе болат - на оние кои плачат за абортус или на оние кои молат за ин витро“
Жените кои абортираат се клиентки а не пациентки. Ваквата неаргументирана изјава доаѓа од професорот на Клиниката за Гинекологија Славејко Сапунов. Критикувајќи го предлог законот за прекин на бременоста, истиот гинеколог како апсурд го толкува и запишувањето на абортусот во медицинското досие. И додека на денешната јавна расправа невладини организации бараа повлекување на предлогот бидејќи ја ограничувал жената во правото на избор, министерот Тодоров во одбрана на законското решение.
-Законот е либерален и не е ништо поразличен од досегашниот. Советувањето е во интерес на жената и не станува збор за никакво менување на мислењето, вели Никола Тодоров министер за здравство.
Тодоров со забелешка до Комисијата дека се повикани само невладини органзиации кои го критикуваа предлогот а тоа се покажа и на дело.
-Сегашната верзија е чекор назад и затоа треба министерот да ја повлече, Неда Коруновска од невладина Реактор.
-Брзото донесување на законот нема да донесе ништо подобро. Ќе добиеме само состојба на неконтролиран иабортуси, вели Душко Филиповски од здружение на матични гинеколози.
Пратеничка од ДУИ ги праша загрижените од граѓанскиот сектор чии солзи се поболни – на оние што плачат за абортус или тие што секојдневно молат за инвитро? А лекарите укажаа и на компликациите кои можат да настанат со прекинот на бременоста.
-Нема гинеколог кој не прошол со минимални компликации по абортус. А може да дојде и до крварења кои ќе резултираат со губење на матката, вели Марија Хаџи Лега директор на Клиника за Гинекологија.
Предлог законот утре продолжува на матичната Комисија за здравство.