Кога лудилото по АјФон ги преминува сите границите - еве што направиле овие луѓе за да го имаат

 

Некои љубители на апартите на „Епл“ се болно опседнати со новите модели на телефони и таблети на оваа компанија, па се подготвени со денови да чекаат и дури и да спијат пред продавниците со цел што побрзо да дојдат до новиот модел на АјФон.

 Но, некои луѓе ги преминуваат сите граници и прават неверојатни работи само за да можат да го набават овој гаџет на „Епл“ – почнувајќи од продавање на сопствените деца или органи, па се до ризикување на своите животи.

 „Хафингтон Пост“ објави некои од најтрагичните и најбизарни случаи во кои луѓето не бирале средства за да дојдат до АјФон.

 Двојка си ги продала трите деца

 Во период од неколку години една кинеска брачна двојка си ги продала своите три новороденчиња само за да можат да купат телефони на „Епл“ и скапи чевли.

 Тинејџер продал бубрег

 Еден тинејџер од Кина во 2011 година си го продал еден од бубрезите за да може да купи АјФон и АјПад, поради што на крајот биле уапсени пет лица, меѓу кои и хирургот што ја извршил операцијата.

 Тинејџерка заглавила во одвод

 Една тинејџерка од Англија во обид да дојде до нејзиниот АјФон се заглавила во одводот, од каде на крајот морале да ја спасуваат пожарникари.

 Момче се обидело да ја изнајми својата девојка

 Момче се обидело да ја изнајми својата девојка за „платонски состаноци“, за да може да си купи нов модел на АјФон.

 Барал АјФон 6 во чеиз

 Еден маж од Саудиска Арабија ги исористил брачните обичаи во неговата земја и за венчавката на неговата сестра како чеиз побарал нов модел на АјФон.

 Изнајмувал бездомници да чекаат во ред за АјФон

 Еден Американец минатата есен изнајмил бездомници за да чекаат во ред за АјФон 5С и 5Ц. Тој им дал ваучери за купување на телефоните, но кога некои од тие ваучери не било можно да се искористат настанал хаос, по кој мажот завршил во полициска станица и не им ги платил ветените пари на бездомниците.

 Нуделе сексуални услуги во замена за АјФон

 

Во еден огласник е објавена понуда за сексуални услуги во замена за АјФон 6.

 

Девојка паднала од автомобил и погинала

 

Од како еден крадец и го украл АјФонот, 15-годишна девојка од Калифорнија се стрчала по него и скокнала на задниот дел на неговиот автомобил. За да се ослободи од девојката, крадецот почнал да вози цик-цак и таа паднала од автомобилот и погинала.

 

Заменила чанта од 2.000 долари за подобро место во редот пред продавница на „Епл“

 

Пред почетокот на продажбата на АјФон 5, вработен во продавница на „Епл“ соопштил дека имаат ограничен број телефони, по што една жена ја заменила својата чанта од марката „Луј Витон“ вредна 2.000 доалри за да се помести од петто на трето место во редот.

 

Банда крадела само телефони на „Елп“

 

Припадници на една банда краделе само телефони на „Епл“, додека воопшто не ги интересирале апаратите на „Самсунг“, ХТЦ и „Блекбери“, па затоа полицијата ги нарекла „Собирачи на Епл“ (Apple pickers).

 

Тинејџерка ја нудела својата невиност за АјФон 4

 

Девојка од Кина на социјалните мрежи објавила дека ја нуди својата невиност во замена за АјФон 4.

 

Тепачки пред продавниците на „Епл“

 

На стартот на продажбата на новите телефони на „Епл“ има толкава навалица, при што понекогаш доаѓа и до туркања и тепачки.

 

Шеф на полиција испратил 10 полицајци во потрага по АјФонот на син му

 

Десетмина полицајци биле ангажирани прекувремено за да го пронајдат изгубениот АјФон на синот на нивниот шеф, но никогаш не го нашле.

 

Украл телефон од бебе

 

Надзорни камери снимиле маж кој украл АјФон од рацете на 20-месечно бебе, кое на него гледало цртан филм.

 

Чекале 22 дена во ред

 

Првите луѓе во редот за новиот АјФон пред продавницата на „Епл“ во Њујорк почнале да доаѓаат дури 22 дена пред почетокот на продажбата.

01.10.2014 - 15:20

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега