ВИДЕО: Слеп пејач воодушеви на The Voice

Ова момче со својот глас ги воодушеви сите на  The Voice. Блесинг Офор има само 25 години, а поседува огромен и неверојатен талент.

Тој е роден сосема слеп на едното око, но кога бил мал го изгубил и видот на другото око.

Блесинг ја испеа песната Just the two of us и со неа заработи громогласни аплаузи од публиката.

Откако пред судиите призна дека не гледа, Адам Левин му рече дека има добри вести за него и дека сите четворица се свртеле за да го видат.

Погледнете го неговиот настап и уживајте во изведбата на младиот Блесинг.

01.10.2014 - 10:33

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега