Уживајте до четврток - од петок не очекува промена на времето

Во  вторник во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 18°C до 28°C. УВ индекс 4.

Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има појава на малга.

Во среда во раните утрински часови понекаде ќе има појава на слаба магла, во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен североисточен ветер. Утринските температури од 4°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 18°C односно до 28°C. УВ индекс 4.

Во текот на ноќта ќе има појава на магла.

Во четврток во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од 4°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 17°C до 27°C. УВ индекс 4. 

Во петок промена на временската состојба.

Во петок облачно и нестабилно со слаби врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 7°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе опаднат и ќе се движат од 13°C до 23°C.

 

 

30.09.2014 - 11:53

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега