Повреден рудар во рудникот во Добрево - заврши на скопските клиники

Педесет и осум годишен рудар е повреден во рудникот за олово и цинк во Добрево кај Пробиштип. Според информациите од рударскиот инспекторат,  рударот се здобил со скршеници на ногата при обид да се качи во локомотива во еден од транспортните тунели и бил пренесен во штипската болница, но поради сериозноста на повредите бил донесен на  скопските клиники.

На почетокот на септември, рудар од Кратово беше тешко повреден откако голема плоча му падна врз нозете.

 

30.09.2014 - 10:43

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега