Наскоро нов асфалт на патот од Велес до Превалец
Општина Велес во соработка со Македонски железници и Јавното претпријатие за државни патишта и Македонија Пат, ја изведуваат реконструкцијата на патот од Велес до Населба Превалец.
Санирањето на патот долг 645 метри, е предвидено да се изврши во делот на прижниот премин и коловозот на регионалниот пат.
Во тек е реконструкција на патот од Велес до Населба Превалец, во рамки на проектот кој заедно го спроведуваат Општина Велес, Македонски Железници, Јавното претпријатие за државни патишта и Македонија Пат, во должина од 654 метри.
Денеска инспекциски преглед направи градоначалникот Славчо Чадиев и Томе Јаневски директор на ЈП Македонија пат-Подружница Велес.
Во изјавата за медиумите градоначалникот Чадиев информира дека иако оваа активност не била во рамки на програмата на Општината, сепак се издвоени 8 милиони.
Чадиев појасни дека целосно ќе го реконструираат патот кој ги поврзува населбата Превалец со Велес, ќе го средат и делот од пругата кој ќе биде послан со бекатонски плочки, а за безбедноста во сообраќајот ќе постават и еден легнат полицаец.
- Целокупната инвестиција е повеќе од 8 милиони денари и со тоа ќе им овозможиме на граѓаните на овој дел од градот и од останатите населени места кои го користат да имаат побезбедно движење, информира градоначалникот, Чадиев.
Како што оцени директорот на РЕ „Македонија пат“ Велес, Томе Јаневски коловозот бил доста оштетен и руиниран.
- Ние најпрво го израмнивме, а откако извршивме порамнување сега следува асфалтирањето односно завршниот слој. Ќе се асфалтираат вкупно 4.500 метри квадратни за кои се издвоени околу 5 милиони денари,потенцира Јаневски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа