Продемократските протести во Хонгконг продолжуваат и денеска

Продемократските демонстрации во Хонгконг, продолжуват и денеска и покрај решението на властите да ги повлечат специјалните полициски сили за справување со улични немири.

Демонстрантите и понатаму држат под блокада неколку витални улици и сообраќајници, кои предизвикуваат запирање на сообраќајот во Хонгконг. Поради тоа низа банки не работат, а десетици училишта се затворени. Локалната Влада која од почетокот ги осудува протестите, прогласувајќи ги за „илегални“ денеска ги повика демонстрантите да се повлечат од улиците, но тие ги игнорираат апелите за смирување на тензиите за нормализација на животот во оваа територија.

Демонстрантите останаа преку ноќта на улиците од Хонгконг, продолжувајќи да протестираат и осудувајќи го насилството на полицијата и на нејузните специјални сили кои во текот на вчерашните судирања, употребија солзавец и пендраци, за да ги растераат демонстрантите од улиците.

Во текот на овие судирања, демонстрантите се бранеа само со своите отворени чадори. Повеќе од 150 лица, најголем број од нив студенти, досега се уапсени од полицијата.

Протестите избувнаа откако властите во Пекинг прво ветија, а потоа откажаа да се согласат со изборни реформи во Хонгконг, на избрите за локалните власти.

Кина ветуваше дека за изборите во 2017 година, ќе може да има слободно номинирање на кандидати за раководните функција на оваа територија, на тлото на Кина. Властите во Пекинг сега тврдат дека за тоа „неможе да има дискусија“ и инсистираат на постоењето (како што е тоа и сега) посебен изборен комитет кој ги потврдува и одобрува кандидатите за кои треба да се гласа.

Приврзаниците на демократијата, меѓутоа, инсистираат на слободното номинирање, тврдејќи дека преку Комитетот, Кина само ги контролира изборите и директно определува кој може да биде биран за функционер во Хонгконг.

Протести со поддршка за барањата на хонгконшките демонстранти се одржаа во Тајпеј, пред заградата на култураната мисија на Хонгконг во Тајван.

Хонг Конг е поранешна британска колонија на кинеската територија, која 100 години беше под контрола на Велика Британија.

Во тој период израсна во значен индустриски центар и главен финансиски пазар во Азија, покрај Токио. Во 1997 година Хонгконг и беше вратен на Кина, но ја задржа својата „посебност“ и улогата на финансиски и бизнис центар, преку силната самоуправа што ја задржа оваа територија, врз основа на формулата на Пекинг „една држава со два система“.

29.09.2014 - 13:07

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега