Говорот на омраза на социалните мрежи мора да се спречи

Социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер, но и многу други интернет страни во последно време во Косово беа преполни со коментари и изјави кои поттикнуваат политичка, верска и етничка омраза, објави Радио Слободна Европа на албански јазик.

Социолозите и психолозите сметаат дека оваа појава треба што побрзо да се спречи, бидејќи според нивно мислење може да добие загрижувачки размери.

Професорот по психологија на Филозофскиот факултет во Приштина, Митафр Хаскука вели дека во последно време одредени групи почнале да ги користат социјалните мрежи за свои цели, што јасно може да се види на профилите кои поттикнуваат омраза.

Хаскука вели дека овој феномен во прилична мерка е загрижувачки и дека органите за безбедност мора да преземат мерки. 

- Се зголемува поделбата во општеството во културолошка и регионална смисла на кое за жал влијаат и некои јавни личности. Општо гледано, треба да се направи нешто по тоа прашање и треба да се покренат што повеќе дебати за да се обединиме и на тој начин да спречиме да не делат по разни општествени, верски, регионални или некои други припадности – рече Хаскука.

Јазик на омраза се смета секое делување со кое се напаѓа поединец или група врз основ на расата, верата, полот, инвалидитетот, етничката припадност или сексуалната определба.

И социологот Артан Мухаџири, професор на Филозофскиот факултет вели дека во последно време на социјалните мрежи се забележува јазик на омразаа.

Бидејќи, како што истакна тој, социјалните мрежи подразбираат брзо ширење на вести, одредени групи вршат различна пропаганда која често може да се смета за говор на омраза.

- Последните години дојде до нагло ширење на интернетот во косовските домови и поради тоа ширењето на идеологија или јазик на омраза директно се поврзува со технолошкиот развој. Органите за безбедност мора да ги контролираат социјалните мрежи, бидејќи тие претставуваат можност за јавно изразување на мислењето и поради тоа секое загрозување на приватноста и слободата треба да се казнува со закон – рече Мухаџери. 
Професорот по социологоја Фадиљ Маљоку вели дека социјалните мрежи се направени за брзо ширење на информации, но дека во случајот со Косово и некои други земј, социјалните мрежи се злоупотребуваат.

Според неговото мислење, јазикот на омраза или она што се случува на некои портали на кои има навреди и поттик на омраза, претставува последица од транзицијата низ која поминува Косово.

- Не е далеку времето кога сето тоа ќе се стабилизира поради тоа што јавното мислење и публиката е параметар кој ќе го сврти вниманието од тие преокупации, за кои нивното внимание и дало предност на медиумите – рече Маљоку.

Како што истакна психологот Хаскука, на социјалните мрежи дистанцата и непознавањето на жртвите ги прави жртвите полесни и незаштитени пред нападите.

Во Кривичниот закон на Косово во членот 147 меѓу другото се вели: Секој кој поттикнува или јавно повикува на омраза, расцеп или нетрпеливост меѓу национални, расни, верски, етнички или други групи кои живеат во Република Косово, на начин на кој може да биде загрозен јавниот ред, се казнува со парична казна или затвор до пет години. 

29.09.2014 - 12:40

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега